Skip to content
Алфа телевизија

Услови на користење

Со пристапувањето до интернет страницата www.alfa.mk и со нејзиното користење, корисникот се согласува со условите за користење наведени на оваа страница. Доколку не се согласувате со овие услови, ве молиме да не ја користите страницата.

Издавач

Сопственик и издавач на интернет страницата www.alfa.mk е Трговското радиодифузно друштво АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје, со седиште на улицата Качанички пат, бб, Визбегово, Бутел, Скопје. За сите прашања во врска со работата на страницата можете да нѐ контактирате на електронската адреса alfatv@alfa.mk или на телефонскиот број 02/2600-370.

Содржини и авторски права

Сите содржини објавени на www.alfa.mk, вклучувајќи ги текстовите, фотографиите, видеата, графичките елементи, логото и дизајнот, се заштитени со закон и се сопственост на Алфа ТВ или на нејзините партнери и автори. Преземањето, копирањето, објавувањето и дистрибуцијата на содржините без претходна писмена согласност од Алфа ТВ не се дозволени.

Дозволено е цитирање на содржините за информативни и за некомерцијални цели, под услов јасно да се наведе изворот и да се постави врска до оригиналната објава на www.alfa.mk.

Однесување на корисниците

При користењето на страницата и при објавувањето коментари, корисниците се обврзуваат да се однесуваат во согласност со важечките прописи и со добрите обичаи. Не е дозволено објавување на содржини што се навредливи, што претставуваат говор на омраза, закани или лажни информации, ниту објавување на рекламни пораки и содржини што ги повредуваат правата на трети лица.

Алфа ТВ го задржува правото да отстрани коментари или содржини што не се во согласност со овие услови, без претходна најава.

Врски до други страници

Интернет страницата може да содржи врски до страници на трети лица. Алфа ТВ нема контрола врз содржините и врз политиките за приватност на тие страници и не одговара за нивната работа. Користењето на надворешните страници е на сопствена одговорност на корисникот.

Ограничување на одговорноста

Алфа ТВ вложува напори содржините на страницата да бидат точни и навремено ажурирани. И покрај тоа, не може да гарантира дека сите информации во секој момент се целосни и без грешки. Алфа ТВ не одговара за евентуална штета настаната од користењето или од неможноста за користење на страницата.

Измени на условите

Алфа ТВ го задржува правото во секое време да ги менува и да ги дополнува овие услови за користење. Изменетите услови стапуваат во сила со нивното објавување на оваа страница. Препорачуваме повремено да ги проверувате условите за да бидете запознаени со евентуалните промени.

Контакт

За сите прашања во врска со условите за користење можете да нѐ контактирате на alfatv@alfa.mk.